Приведени двајца крадци во гостиварско, расчистени десетина кражби | Правдико

Правдико

   

Приведени двајца крадци во гостиварско, расчистени десетина кражби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 22.03.2021 во 22.30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Д.(20) и К.Д.(22), двајцата од Република Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.

При претресот реализиран од 22.00 до 23.00 часот, извршен со судска наредба, во просториите во кои тие престојувале, биле пронајдени и со потврда одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите. Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар, а по документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Партнери на Правдико