Приведени двајца кумановци поради илегален влез од Косово во Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, вчера при обиколка на терен од граничниот премин кон с. Белановце, привеле двајца кумановци, А. А. (29) и М. А. (21), поради илегално преминување на државната граница од Косово кон Македонија.
По извршена проверка било констатирано дека М. А. се барал врз основа на судска наредба од Основниот суд Куманово за издржување казна затвор од траење од шест години. Тој им бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Извор: Макфакс