Правдико

   

Приведени двајца малолетници од Батинци кои ограбиле четворица таксисти

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопската полиција приведе двајца малолетници од селото Батинци поради сомнение дека за помалку од десет дена со закани ограбиле четворица таксисти.

Како што информираат од МВР, првото кривично дело било извршено на 20 октомври во 2 часот по полноќ при што на 39-годишен таксист на улица „1“ бб во селото Батинци со закана му биле одземени пари.

Потоа, на 22 октомври во близина на месноста Јурија во нивното родно село, малолетниците ограбиле 53-годишен таксист од Скопје, така што откако едниот се симнал од возилото, другиот со закана ги одзел парите.

Третото кривично дело се случило на 24  октомври, кога малолетните деликвенти во село Батинци, над Дрисла, насилно одзеле пари и физички нападнале 57-годишен таксист.

Последното злодело  разбојниците го извршиле на 29 октомври, на регионалниот пат Скопје – Козјак, во близина на угостителски објект, кога на 55-годишен таксист со закана му одзеле пари и лични предмети.

По преземени мерки, полицијата извршила претрес во домовите на Н.М.и В.Ш., родители на малолетниците, и одзеле предмети кои биле користени при извршување на разбојништвата.

Приведените малолетници, во присуство на родителите ги признале делата, а воедно извршено е и препознавање на сторителите од страна на оштетените таксисти.

По комплетно документирање на случајот, против двајцата разбојници ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико