Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми | Правдико

Правдико

   

Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера (30.03.2021) во периодот од 15.15 часот до 18.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за економски криминал ги лишиле од слобода В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“, казниво по член 157 од Кривичниот законик.

При претрес извршен со судска наредба во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185“ и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска“ и ул.„120“ во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници.

Повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети одземени се и при претресот кај Б.О. кој, исто така, користел ИП-телевизиски портали за рееметување на домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист. Од двајцата тетовци се одземени лаптоп-компјутери, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-а, андроид бокс и друга опрема. По целосното рачистување и документирање на случајот на В.О. и Б.О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Препорачуваме

Партнери на Правдико