Приведени две лица од Скопје поради поседување на наркотични дроги | Правдико

Правдико

   

Приведени две лица од Скопје поради поседување на наркотични дроги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Д. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 16.04.2018 година, по издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Р.Д. на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, каде бил затекнат и неговиот брат Б.Д. (30). При претресот биле пронајдени една вреќа, едно најлонско пакување, еден шприц и вага кои биле одземени и дадени на вештачење.

Од вештачењето било утврдено дека во вреќата и најлонското пакување има 558 грама марихуана, во шприцот има 1 мл хашиш и на вагата имало остатоци од марихуана. Пријавениот и неговиот брат биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гази Баба.

Препорачуваме

Партнери на Правдико