Приведени две лица, расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ | Правдико

Правдико

   

Приведени две лица, расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 11.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар биле лишени од слобода Н.А.(57) и З.Ј.(52), и двајцата од Скопје, непосредно по извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, на Плоштад Филип Втори во Скопје. Имено, тие од С.Б.(20) од Скопје, одзеле пари.

Лицата биле приведени во полициска станица, а парите се одземени и вратени на сопственикот. По комплетно документирање на случајот ќе следува кривична пријава ,по член 236 став 3 од Кривичниот законик.

Препорачуваме

Партнери на Правдико