Приведени две лица што растурале дрога од изнајмен стан во скопски Центар | Правдико

Правдико

   

Приведени две лица што растурале дрога од изнајмен стан во скопски Центар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во вечерните часови на 17 февруари, од страна на одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, уапсени биле А. С. (25) и М. К. (20), поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, по претходно добиена судска наредба, полицајци извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде што привремено престојувале двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

Двајцата уапсени се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико