Приведени две лица во ресенско, затекнати при пустошење на шума | Правдико

Правдико

   

Приведени две лица во ресенско, затекнати при пустошење на шума

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 06.07.2022 во 19.40 часот во Ресен на место викано „Бакојца“, помеѓу с.Златари и с.Сопотски, полициски службеници од Полициска станица Ресен во содејство со вработени од Македонски шуми-Ресен, ги лишиле од слобода Р.О.(60) и С.В.(39), двајцата од Ресен.

Тие се затекнати како вршат сеча на дабови дрва, со што сториле кривично дело „пустошење на шума“, казниво по чл.226 од Кривичниот законик.

На лице место биле пронајдени и одземени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, две патнички моторни возила и моторна пила. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Препорачуваме

Партнери на Правдико