Правдико

   

Приведени Кинезите кои низ „Лептокарија“ со сатар бркаа скопјанец

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Жител од Скопје на 17 јули во полиција пријавил дека истиот ден во ресторан во трговски центар во главниот град бил физички нападнат од двајца вработени во ресторанот, инаку кинески државјани.

Според пријавата, нападот уследил по недоразбирање во врска со нарачка на храна.

Како што информираат од МВР, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне скопјанецот, а другото лице фрлало по него со различни предмети.

По преземени мерки, Кинезите биле приведени во полициската станица во Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико