Правдико

   

Приведени косовски државјани со туѓи македонски пасоши на охридскиот аеродром

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца косовски државјани биле приведени на аеродромот во Охрид поради поседување туѓи пасоши на македонски државјани.

Според информациите на МВР, Косоварите Б.А. (34) и Е.Р. (35) биле приведени вчера во 18:20 часот.

„Вчера во 18:20 часот полициски службеници на аеродромот ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело послуга со туѓа патна исправа ги привеле лицата Б.А. (34) и Е.Р. (35), двајцата од Косово. Тие приложиле македонски патни исправи со податоци за лицата С.Д. (29) од Крушопек, општина Сарај и Р.М.  (46) од Сингелиќ, Скопско“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико