Правдико

   

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(38) од село Селемли, Богданци и Р.Т.(36) од село Фурка, Дојран за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти” по член 418-б став 2 од Кривичниот законик на РМ.

На 08 август годинава во Гевгелија првопријавениот контактирал и договорил четири лица-мигранти на возраст од 21 до 41 година (двјаца државјани на Сирија, еден од Алжир и еден од Либија) за сума од 140 евра по лице да им организира превоз до Р.Србија. Подоцна, првопријавениот го ангажирал второпријавениот со патничко моторно возило “Ауди А4” со гевгелиски регистарски ознаки да дојде на договореното место и да ги прифати мигрантитете во возилото, при што двајцата пријавени ги превезле лицата до село Негорци, каде што ги избркале од возилото. По преземени соодветни мерки и активности, сторителите се пронајдени и приведени, а биле и препознаени од страна на мигрантите.

Партнери на Правдико