Правдико

   

Приведени Миле Јанакиески и функционери на ВМРО-ДПМНЕ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу 10- тина луѓе меѓу кои поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, неколкумина вработени во министерството за транспорт и врски, нотари и вработен во Катастар, како и државниот правобранител на Град Скопје се приведени велат од МВР.

Меѓу приведените се и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на Аеродром потврдија од ВМРО-ДПМНЕ за РСЕ.

Акцијата почна изутрината по барање на Јавното обвинителство за организиран криминал, велат од МВР и најавија детали подоцна во тект на денот.

Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за проектот Шпански скали кој требаше да биде дел од Скопје 2014. Станува збор за државно земјиште кое Министерството за транспорт и врски го дало на лица кои не ги исполнувале условите, а биле потпишани и анекси во договорот повторно без исполнети услови.

Радио Слободна Европа неодамна пишуваше за таа локација каде што требаше да се градат Шпанските скали фирмата Амадеус груп и покрај тоа што доцнела со исполнување на обврските за добивање на градежна дозвола за земјиште кое го купила во 2011 година, станала сопственик на уште две парцели во општина Центар.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико