Приведени странски државјанки при контрола на тетовски локали | Правдико

Правдико

   

Приведени странски државјанки при контрола на тетовски локали

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ijaishdihhiiasd64654867987Во текот на викендов по претходно добиени оперативни сознанија од страна на инспекторите при Регионалниот центар за гранични работи Север, извршена е акциска контрола во ноќен бар „Енерџи Клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-с.Сарачино, сопственост на А.М.(33), од Тетово.

Од извршената контрола во угостителскиот објект, затекнати се 10 странски државјанки од кои девет од Р.Србија: Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23), С.Г.(20) од Р.Албанија , како и три државјанки на Р.Македонија В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37), како работат незаконски во угостителскиот објет.

Во објектот се затекнати и сопственикот на угостителскиот објект и Х.И.(34), од Прешево, Р.Србија. Лицата беа приведени и задржани во СВР Тетово за расчистување на случајот по штп против седум лица, странски државјани беа поднесени барања за поведување прекршочна постапка по чл.153 став 1, точка 2 односно престојува во Република Македонија спротивно на целта од Законот за странци. Од страна на Основен Суд Тетово на лицата им е одредена парична глоба и мерка „Забрана за влез во РМ“ во времетраење од 1 година.

Против А.М., сопственикот на угостителскиот објект по целосно документирање ќе биде соодветна пријава поднесена пријава, додека против  И.Х. ќе биде поднесена  кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено дело „помагање за илегално преминување на државната граница“ на две странски државјанки.

Препорачуваме

Партнери на Правдико