Приведени три лица кои се однесувале агресивно кон полициски службеници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Три лица синоќа биле приведени бидејќи се однесувале агресивно кон полициски службеници.
Како што информираат од полицијата, две од лицата се од селото Сингилиќ и се на возраст од 21 и 29 години.
Третото лице било приведено на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје, бидејќи под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон полициските службеници и го нарушил јавниот ред и мир.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.