Приведени три лица од Гостиварско, запленет хероин | Правдико

Правдико

   

Приведени три лица од Гостиварско, запленет хероин

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера, околу 15.30 часот, во атарот на гостиварското село Врапчиште, од страна на полициски службеници на СВР Тетово од слобода биле лишени лицето со инцијали О. Б. (39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В. С. и А. М. (52) од с. Врапчиште.

При нивен и преглед на возилото „опел вектра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О. Б., во кое В. С. и А. М. биле сопатници, бил пронајден хероин.

Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико