Приведени тројца дилери на дрога, меѓу нив и бугарски државјанин | Правдико

Правдико

   

Приведени тројца дилери на дрога, меѓу нив и бугарски државјанин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера во 20 часот во СВР Тетово биле приведени Е.И.(26), А.Д.(27), двајцата од Скопје и Р.И.О.(30) од Република Бугарија, кои околу 12:25 часот биле лишени од слобода во Скопје поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Тројцата се сомничат за инволвираност во случајот со пронајдените две вреќи со марихуана на локалниот пат над тетовското село Камeњане на 4.5.2021.

Тие се задржани во полициската станица Тетово и денеска со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико