Приведени тројца крадци од радовишко, фатени на дело
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 27.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.И.(21) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(20) и Т.Н.(22), двајцата од с.Ињево, радовишко. Во 22.45 часот на ул.„Широк дол“ во Штип тие биле затекнати при вршење тешка кражба во обид во патничко моторно возило „опел астра“. На местото биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. По комплетно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.