Приведени тројца сириски мигранити
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 20.03.2015 година во 20,30 часот од страна УПС од ПС за ГП и ГН Богородица во близина на раскрсницата на патот Гевгелија-Богданци е забележано ПМВ со мигранти, кое се упатило кон с.Богородица, а потоа по автопатот Е-75 кон Скопје.
Притоа на автопатот во правец од Гевгелија кон Скопје од страна на полициски службеници на возачот на моторното возило му е даден знак за сопирање и при обидот да се изврши контрола и преглед, истиот нагло го стартувал возилото наназад и удрил во службено ПМВ марка.
Откако ПМВ„BMW 530D“ со скопски регистарски ознаки застанало возачот се дал во бегство преминувајки преку металните огради на автопатот, по што од страна на полициските службеници е фатен, а при обид за негово приведување истиот пружал отпор.
Од извршената контрола во возилото пронајдени и приведени се три сириски државјани без документи за идетификација, а констатирано е дека возач на возилото е Ш.С.(41) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Извор:МВР