Приведено лице барано од турската полиција за убиство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.47-годишно лице од Р.Турција со престојувалиште во Скопје е приведено откако претходно по него турската полиција имала распишано меѓународна потерница за убиство.
Според МВР, вчера во 17 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода З.С.(47) од Р Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело убиство.
Тој бил задржан во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информираат истражните органи.
Извор: Макфакс