Приведено лице од гостиварско поради обид за поткуп
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 19.02.2023 во 08.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го привеле А.С.(64) од с.Чегране, гостиварско. На граничниот премин Блато, при пасошка контрола при влез во државата, во патна исправа ставил пари и се обидел да даде поткуп на полицискиот службеник. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.