Приведено лице во Струмица по распишана централна потерница | Правдико

Правдико

   

Приведено лице во Струмица по распишана централна потерница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 17.05.2021 во 20.35 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, од угостителски објект на бул.„Климент Охридски” во Струмица, лишен е од слобода З.Д.(50) од Скопје, баран по распишана централна потерница и судска наредба на Основен кривичен суд Скопје, осуден на казна затвор за сторено кривично дело „измама“.

З.Д. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

Партнери на Правдико