Привремена канцеларија на компанијата Кромберг & Шуберт | Правдико

Правдико

   

Привремена канцеларија на компанијата Кромберг & Шуберт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради сѐ поголемата заинтересираност и големиот број на прашања кои стигнуваат до компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, истата одлучи да отвори своја привремена канцеларија во градот Битола, поточно во склоп на хотелот „Милениум“ кој се наоѓа на улицата Широк Сокак.

Канцеларијата ќе биде отворена за сите граѓани кои се заинтересирани да дознаат повеќе за работата и условите во компанијата, процедурите за аплицирање за отворените огласи, како и за начинот за пријавување за работната позиција Оператор во производство која во моментот е најбарана.

Компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола веќе 6. година работи во Индустриската Зона „Жабени“ и мометално има 6200 вработени од целиот пелагониски регион дополнително вработувајќи и граѓани од Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар. Дејноста на компанијата е производство на кабелски снопови за автомобилската индустрија, односно за производителите Мерцедес и Ауди кои својата доверба ја доверија токму на фабриката КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.

Канцеларијата ќе започне со работа на 15 Јули и ќе биде отворена сѐ до 31 Август со работно време од 8:00 – 16:00 часот.

Отворените огласи исто така можете да ги погледнете на следниот линк

Препорачуваме

Партнери на Правдико