Призрен: Красниќи уапсен под обвинение за сторени воени злосторства | Правдико

Правдико

   

Призрен: Красниќи уапсен под обвинение за сторени воени злосторства

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eulex-euleks-policija-3_660x330Полицијата на ЕУЛЕКС во Призрен го уапси Шемшит Красниќи, под сомневање дека извршил воени злосторства, објави РТС повикувајќи се на електронските медиуми во Приштина.

Красниќи, по многу години во бегство, треба да биде дел од процесот против Сабит Геци.

Геци беше обвинет дека во периодот меѓу април и јуни 1999 година, во воената база на ОВК во Кукс, Албанија, поединечно или во заедница со други, вклучувајќи го и Красниќи, го прекршиле меѓународното право за време на војна, со што извршиле воено злосторство против цивили.

Окружниот суд во Митровица го осуди Геци на 15 години затвор за убиството на затвореници во логорите Кукс и Цакан во северна Албанија.

За малтретирање на затворениците од Косово и воени злосторства, заедно со него беа обвинети и поранешните припадници на ОВК – Али Риза на 12 години затвор, Шабан Хоти на седум и Хаки Реџепи на шест години затвор.

Обвинението против Геци следеше само неколку недели по извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за злосторства на Косово, вклучувајќи ја и трговијата со органи на киднапираните Срби.

Сабит Геци пред неколку дена беше ослободен од затвор на условна слобода со образложение дека му е потребно лекување во странство.

Препорачуваме

Партнери на Правдико