Како треба да се однесуваат јавните службеници спрема вас | Правдико

Правдико

   

Како треба да се однесуваат јавните службеници спрема вас

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

salterСо етичкиот кодекс се уредува начинот на однесување и работење на јавните службеници, со цел да се обезбеди почитување на принципите уредени во кодексот, а врз основа и во рамки на Уставот на РМ,законите и меѓународните договори ратификувани согласно уставот. Со почитување на овај кодекс се обезбедува зголемена одговорност во работењето, се подобрува квалитетот во давањето на услуги, се остварува соработката  со институциите и јакне довербата на физичките и правните лица во институциите на системот и јавниот сектор во целина.

Основни принципи на кодексот се: 

  • Непристрасност во работењето
  • Самостојност во постапувањето
  • Политичка непристрасност и неутралност
  • Ефикасно и економично користење на јавните средства
  • Грижа за угледот на институцијата
  • Еднаков третман на странките
  • Доверливост на информациите
  • Стручност и љубезност кон странките
  • Избегнување конфликт на интереси, подароци и друг вид на користи и
  • Злоупотреба на овластувањата и статусот на јавен службеник

Превземете го целиот кодекст ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико