Правдико

   

Продавал преку „Фејсбук“, а парите не ги пријавил во УЈП

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.Т. (28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во текот на 2016 година пријавениот преку продажба на услуги преку социјалната мрежа „Фејсбук„ остварил приход од 1.415.592 денари, кои ги примил преку брз трансфер на пари, но не ги навел во годишната пријава во Управата за јавни приходи на Република Македонија.

На тој начин К.Т. извршил затајување данок во висина од 141.559 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Република Македонија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико