Продолжен притворот на Боки 13 и Кичеец поради опасност од бегство и влијание врз сведоци | Правдико

Правдико

   

Продолжен притворот на Боки 13 и Кичеец поради опасност од бегство и влијание врз сведоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бојан Јовановски и Зоран Милески ќе останат во притвор уште 30 дена, откако Кривичниот совет денеска им ја продолжи мерката притвор, поради опасност од бегство, уништување на траги, влијание врз сведоци и за повторување на делото.

Јовановски и Милески веќе два месеци се во притвор во истражниот затвор „Скопје“, како осомничени во случајот „Рекет“ за тргување со влијание и за перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, тие од бизнисменот Орце Камчев, кој ги пријавил и е сведок во случајот, зеле  1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“ што го води СЈО.

Ова е второ продолжување на притворот за Боки 13 и Кичеец, и со неговото издржување, тие ќе поминат три месеци во Шутка.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска минатиот месец рече дека во овие три месеци Обвинителството треба да покрене обвинение за тие да останат во притвор. Во спротивно тие ќе треба да бидат пуштени, а истрагата може да трае и 6 месеци.

– Ако сметаме до колку може да бидат осомничените во притвор, ако сакаме да опстои притворот и понатаму, во рок од три месеци мора да биде подигнато обвинение. Инаку истрагата може да трае шест месеци, можеме да бараме и продолжение на истрагата, рече тогаш Русковска.

Во „Рекет“ осомничена е и  специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така се наоѓа во 30 дневен притвор.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико