Продолжен притворот на Владимир Талески
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основниот суд Скопје-1 денес донесе одлука за продолжување на куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески за нови 30 дена. Во соопштението од судот пишува:
„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за продолжување на мерката за обезбедување присуство против В.Т., осомничен дека го сторил кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в со ст.1 в.в со чл. 22 и сл.45 од КЗ, го уважи предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за нови 30 дена.
Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје. “