Продолжен рокот за легализација за уште една година | Правдико

Правдико

   

Продолжен рокот за легализација за уште една година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Ова важи откако стапи во сила Законот за измена на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, „Службен весник“ бр. 190/17 од 25 декември 2017 година. Примената на овој закон, за сите нови баратели за легализација е до 31 декември 2018 година.

Во согласност со наведените измени во законот, сите оние граѓани што веќе имаат поднесено барање за постапување со бесправно изградени објекти (поднеле барање за легализација), а барањето им е одбиено поради некомплетна документација, можат да поднесат ново барање во согласност со Законот за измена, во рок од шест месеци од денот на примена на овој закон, поточно до 30 јуни 2018 година. Барателите што немаат доставено елаборат за утврдување на фактичката состојба, должни се да го достават, исто така заклучно со 30.6.2018 година. На оние граѓани, баратели за легализација, кои во дополнителните рокови нема да постапат во согласност со новодадените шанси, надлежниот орган ќе им го одбие барањето за легализација, односно барањата за утврдување правен статус на бесправно изградениот објект. И на барателите што нема да ја достават комплетно потребната документација органот ќе им го одбие барањето за утврдување правен статус на бесправната градба.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико