Продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието денеска изгласа продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради зголемен обем на мигранти.
Кризната состојба ќе трае до 31 декември годинава.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека одлуката е значајна и дека рокот се продолжува врз основа на проценките на надлежните служби.
Според него, мигрантската криза може да ескалира во секој момент.
Извор: Макфакс