Продолжение на шестата и осмата седница во Собранието | Правдико

Правдико

   

Продолжение на шестата и осмата седница во Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог законот за изменување на Законот за работните односи во прво читање како и информација за состојбата со дивата депонија во Струга, поднесена од група пратеници од опозицијата, денеска се на дневен ред на продолжението на шестата седница.

По завршувањето на шеста, пратениците продлжуваат со осмата седница при што треба да ги разгледаат предлог одлуката за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на Собранието и предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Во рамките на оваа седница се и предлог законите за докторска дејност,  за дополнување на законот за исплата на платите, за измена на законот за извршување,измена на законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги и законот за јавното обвинителство во прво читање.

Во текот на денот закажани се и седници на две комиси и тоа за избори и именувањата и за култура.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико