Продолжи судењето за кумановско „Диво Насеље“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Процесот за случајот „Диво Насеље“ кој се спои и со предметот „Молња“ продолжи денеска со читање на исказите на сведоците кои беа сослушани на главната расправа. Еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран за време на транспортот до судот.
На денешното рочиште за случајот Диво Насеље се читаа исказите на сведоците кои ги дадоа за време на главната расправа. Судечкиот судија, Верка Петковска рече дека нема потреба повторно да се сослушуваат сведоците, туку доволно е да се прочитаат нивните искази. На почетокот на рочиштето еден од обвинетите се пожали на некоректниот однос на специјалните сили додека бил транспортиран од затворот во судот.
„Сакам да се пожалам дека ме малтретираа при транспортот од затворот. Ме клоцаа и ме удираа и шест пати рацете ми ги ставија позади“, рече тој.
На што Петковска одговори дека ќе се јави кај директорот на затворот. Уште еден од обвинетите сакаше да се пожали, при што судијката му рече дека тоа може да го направи на крајот на рочиштето. Судот одлучуваше и по предлогот на двајца од обвинетите, Мусадик Пајазити и Рахми Љатифи поднесен преку нивниот адвокат Артене Адеми за укинување на мерката притвор или замена на истата со друга. Предлогот судијката Петковска го отфрли како неоснован, бидејќи како што рече се уште постоеле причини кои произлегуваат од Законот за кривична постапка по кои притворот за обвинетите е продолжен.
Целиот текст ТУКА
Извор: Радио слободна Европа