Правдико

   

Продолжува истрагата за недозволено тргување со алкохол

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Кавадарци по допрен глас поради постоење основи на сомнение дека е сторено кривично дело недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, отвори две предистражни постапки. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде насоки и наредби за прибирање податоци и потребна документација во предметите.

Основното јавно обвинителство Кавадарци ја извести јавноста за пронајдените над 9.000 литри ракија. Имено, во текот на изминатите денови извршен е претрес на повеќе локации, при што во правното лице „Анго – вест“ од Кавадарци пронајдени се и одземени 2.688 шишиња од еден литар со натпис „стара жолта лозова ракија“, 2.244 шишиња од 0,7 литри со етикета „стара жолта лозова ракија“ и 4.636 шишиња од 0,7 литри со етикета „стара жолта ракија“.

Во правното лице Винарска визба „Повардарие“ – Неготино пронајдена е помала количина ракија со етикета „вино жупа“ од Србија. Во исто време од страна на јавен обвинител сослушани се лица вработени во Винарската визба „Повардарие“ од Неготино, кои учествувале во производство и дистрибуција на пронајдениот алкохол. Издадена е наредба за одземање на компјутерската опрема и документација каде што се води евидентирањето на производството и продажбата на алкохолот.

За осомниченото лице до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, и тоа одземање патна исправа, возачка дозвола, забрана за преземање работни активности во двете правни лица и јавување еднаш седмично во Основниот суд Кавадарци. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен од страна на Основниот суд Кавадарци и со решение на осомниченото лице му се изречени предложените мерки.

Во тек се други активности што се преземаат во координација со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, а во насока на прибирање докази и расветлување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико