Правдико

   

Продолжува истрагата за Сирија и покрај оставката на Карла дел Понте

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес изјави дека ја поддржува работата на Истражната комисија на ОН за воени злосторства во Сирија и покрај оставката на обвинителката Карла дел Понте.

Тој изрази жалење поради оставката, но додаде дека продолжувањето на работата на Комисијата е од клучна важност. Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте објави дека наскоро ќе поднесе оставка бидејќи била незадоволна од резултатите на работата на оваа Комисија.

Комисијата постојано бара од Советот за безбедност на ОН да формира меѓународен суд за злосторствата во Сирија, но на тоа се противи Русија која му е сојузник на сирискиот режим.

Извор:Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико