Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот | Правдико

Правдико

   

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.

sobranie-na-rm-640x360

Со ребалансот, по кој собраниската комисиска расправа почна на 30 август, се предлага обезбедување дополнителни 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.

Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари.

Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико