Продолжува конститутивната седница на Собранието | Правдико

Правдико

   

Продолжува конститутивната седница на Собранието

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието денеска ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Седницата, како што се договорија вчера претставниците на парламентарните партии на работна средба, ќе продолжи во 11 часот со дебата за Комисијата за изборите и именувањата, која започна завчера.

Пријавени беа 51 пратеник за дискусија. Досега го искористиле правото на збор двајца пратеници.

Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и Беса по еден член.

Од ВМРО-ДПМНЕ за членови се предложени Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Извор: Утрински весник

Партнери на Правдико