Продолжува постапката за граничниот спор помеѓу Хрватска и Словенија | Правдико

Правдико

   

Продолжува постапката за граничниот спор помеѓу Хрватска и Словенија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mkd-210608Арбитражниот суд во Хаг одлучи дека Словенија го прекрши договорот за арбитража со Хрватска, но постапката пред судот ќе продолжи така што ќе се донесе одлука за разграничување помеѓу двете земји.

Арбитражниот суд всушност, донесе одлука процесот во врска со договорот за границата помеѓу Словенија и Хрватска да продолжи.

“Словенија ги прекрши правилата за арбитража, но повредата не е доволно сериозна за да се оправда хрватското барање за запирање на постапката”.

Словенечкиот весник Дело истакнува дека судот за оваа одлука веќе ги информираше владите на двете земји.

Словенечко-хрватскиот граничен спор и после 25 години останува нерешен и проблемот е голема политичка тежина во нивните меѓусебни односи.

Минатата година, Хрватска донесе одлука да излезе од арбитражата, за која смета дека е компромитирана по последните објавени податоци за докажување за незаконски контакти на Јернеј Секолец, првиот арбитер кој е назначен од страна на словенечката влада со претставници на Министерството за надворешни работи во Љубљана.

Хрватска со едногласна одлука на Собранието излезе од арбитражната постапка и се повика на одредбите на Виенската конвенција за раскинување на договорите.

Постојаниот арбитражен суд (СПС) во Хаг во февруари оваа година одлучи да го замрзне процесот на решавање на прашањето за границата меѓу двете земји се додека не се разгледаат правните последици од хрватската одлука за излез од овој процес.

Словенија верува дека арбитражата не е прекината, и дека повреда на постапката која води до прекин на арбитражатане не постои.

Според денешната одлука, судиите на Арбитражниот суд, сепак, констатираа дека арбитражата не е повредена до таква мера за процесот да не може да продолжи.

Препорачуваме

Партнери на Правдико