Продолжува расправата за буџетот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2017 година.
На првиот ден од расправата министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека се крати од непродуктивните трошоци и се обезбедува простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија.
Пратениците од опозицијата обвинија дека се крати од развојниот дел на буџетот.
Приходната страна на буџетот е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата е 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра.
Ребалансот е проектиран на раст на економијата од 2,2 отсто наместо првично предвидените 3 отсто.
Собранието, според Правилникот, ќе расправа пет дена за ребалансот.
Извор:Макфакс