Продолжува собраниската расправа за екстерното тестирање | Правдико

Правдико

   

Продолжува собраниската расправа за екстерното тестирање

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците денеска треба да ја продолжат расправата по предлог-измените на Законот за основно образование, поднесени од страна на опозицијата.

sobranie

Во текот на вчерашниот ден имаше жестока расправа. Опозицијата ја обвини власта дека досега не обезбедила јавна дебата со сите засегнати страни за да ги аргументира потребите од оваа, според нив, неуспешна реформа чиј концепт ќе му зададе последен удар на и онака уништеното образование.

Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак го бранеа екстерното како концепт кој ќе обезбеди контрола и поголем квалитет, а токму опозицијата според нив бара уназадување на образованието заради политички поени.

Укинување на екстерното тестирање е првиот предлог-закон што опозицијата го достави по едногодишниот бојкот на Собранието.

Незадоволни од моделот на екстерното тестирање минатата учебна година средношколците излегоа на масовни протести и ја бојкотираа наставата во второто полугодие.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико