Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлевски | Правдико

Правдико

   

Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска продолжува 12. продолжение на шестата седница за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед, стои, меѓу другото, во предлог-текстот.

На дневен ред на 6. седница се над 30 точки, годишниот извештај на народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права; информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга; годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика; финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2017 година; предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план на Македонската радио-телевизија за 2017 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико