Продолжува собраниската седница, на чиј дневен ред се и измените на Изборниот законик | Правдико

Правдико

   

Продолжува собраниската седница, на чиј дневен ред се и измените на Изборниот законик

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на Македонија ќе ја продолжи 53. седница на која на дневен ред се повеќе закони, но и измените на Изборниот законик, по скратена постапка.

Седницата треба да продолжи со Предлогот за разрешување на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, што започна во четвртокот, завршната сметка на Буџетот за 2017, дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање и други.

На предлог на владејачкото мнозинство на седницата на дневен ред се и измените на Законот за заштита на потрошувачите, во второ читање, но и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, во второ читање, извештаи и други закони.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико