Продолжува судењето на Мариглен Демири за демолирањето на канцеларијата на Иванов
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Најавувајќи го денешното рочиште на судењето против Мариглен Демири поради учеството во минатогодишните протести од „Шарената револуција“, Левица порача дека постојаните притисоци нема да ја скршат. Демири е дел од раководството на партијата.
„Протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжува. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против нашите членови Здравко Савески и Владимир Куновски. Левица претставува трн в око за многумина. Се применуваат различни методи за да се спречи нејзиниот пораст, посуптилни и помалку суптилни. Помеѓу тие методи е и поведувањето судски процеси против членови на Левица и нивно одолжување до недоглед. Но ние порачуваме: нема да потклекнеме, нема да нè скршите! Нашето време доаѓа“, порача Левица.
Инаку, Демири е обвинет за демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов за време на протестите на „Шарена револуција“ во април минатата година, против одлуката на претседателот да аболира 56 политичари и нивни соработници.
Извор: Meta.mk