Продолжува судењето на поранешниот израелски премиер Нетанјаху
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По тримесечна пауза денеска продолжува судењето за корупција на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.
На судењето денеска имаше вкрстено испрашување на поранешниот директор на веб-страницата Вала, Илан Јешуа.
Нетанјаху, кој сега е лидер на опозицијата, не дојде на сослушувањето во Окружниот суд во Ерусалим, бидејќи му беше дозволено да не присуствува.
Според известувањето на израелските медиуми, Јешуа е првиот и главен сведок во таканаречениот „Случај 4000“ во кој поранешниот премиер е обвинет за злоупотреба на службената положба додека бил премиер и министер за комуникации од 2014 до 2017 година.
Адвокатите на Нетанјаху се надеваат дека ќе докажат оти тој не добивал посебен третман во извештаите на веб-страницата.
Нетанјаху е обвинет дека ја искористил својата позиција за незаконски да придонесе за деловните интереси на Саул Еловиќ – главниот акционер во телекомуникацискиот гигант Безек.
За возврат, Еловиќ наводно обезбедил поволно известување за Нетанјаху и за неговото семејство на веб -страницата на компанијата и дозволил на соработниците на тогашниот премиер и членовите на неговото семејство да влијаат врз содржината на уредништвото и политиката на страницата.
Одбраната се обидува да докаже спротивно на она што го тврди главниот сведок, дека наредбите не доаѓале само од Нетанјаху, туку и од други политичари, бизнисмени и компании.
Адвокатите на одбраната тврдат дека не им биле дадени сите снимки од разговорот од телефонот на поранешниот директор на веб -страницата и побараа повеќе време за да ги подготват сите потребни докази, па судењето беше одложено за три месеци.
Извор: Радио слободна Европа