Правдико

   

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година.

divo-naselje-sudenje1

На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација.

На рочиштето што се одржа во вторникот оваа недела, пред судот, како сведоци на Обвинителството, сведочеа четворица полицијаци, кои го опишаа нападот на караулата Гошинце, на 21 април минатата година, како и една жена, роднина на обвинет во случајот.

Во вторникот, на новинарите што го следат судскиот процес за „Диво Насеље“ им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето.

Судењето се одржа во Кривичниот суд, а објаснувањето оттаму беше дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа имало место само за четири-пет новинари. Претходните две рочишта се одржаа во големата сала на Врховниот суд, но оттаму соопштиле дека не можат да ја отстапат салата поради реновирање.

Новинарите што беа пред Основниот суд Скопје 1, решија да не направат компромис и никој да не влезе во судницата.

Судот попладнето истиот ден се извини за пропустот, истакнувајќи дека намерата не била да ја исклучат јавноста од судењето.

Извор: Мета

Партнери на Правдико