Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ со воведни зборови на одбраната | Правдико

Правдико

   

Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ со воведни зборови на одбраната

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со воведни зборови на одбраната, денеска продолжува судењето за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, откако процесот започна пред два дена кога воведен говор даде обвинителката Вилма Рускоска, како и адвокатите на дел од обвинетите.

Рускоска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“, додека одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа.

Судењето продолжи вчера со воведни говори на адвокатите на поголем дел од обвинетите, а ново судско рочиште е закажано за в понеделник.

Вкупно се обвинети 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и две за помагање. Судијката Кацарска закажа вкупно 37 термини за главна расправа.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико