Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“ на Боки 13
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. На денешното рочиште одбраната треба да продолжи со давање воведни зборови.
На минатото рочиште во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.
Обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата кои им се ставаат на товар.
Извор: Радио слободна Европа