Продолжува судењето за случајот „Тврдина 2“ | Правдико

Правдико

   

Продолжува судењето за случајот „Тврдина 2“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во 11 часот во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи второто рочиште од судскиот процес за уништување документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември лани поднесе обвинение против седум лица. Судскиот процес започна на 28 ноември минатата година, но рочиштето беше откажано бидејќи судијката Лидија Петровски на барање на адвокатот на ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујовски ги одби сите докази во назнака класифицирано.

Како што нагласи тогаш адвокатот на одбраната Никола Додевски, тој го бара ова бидејќи СЈО не побарало дозвола од создавачот на информациите да можат да се користат во судот.

Судијката Петровска, постапи по барањето на адвокатот Никола Додевски и го одложи судењето при што наложи на СЈО да добие дозвола од создавачот на информациите, Управата за безбедност и контраразузнање, класифицираните докази да можат да бидат користени во судот.

– Судија, веднаш ви кажувам дека УБК нема да ни го даде актот што ни го барате. Ние од април чекаме ваков одговор за друг случај и до денеска немаме одговор од УБК – истакна обвинителот Трајче Пеливанов во судницата.

Ова беше прво обвинение на СЈО кое дојде до судење, а го застапуваат обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.

Првообвинетиот, поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски, СЈО го товари за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзнатсо двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, биле уништени во текот на прекланската година.

Иако обвинението беше поднесено на 15 септември, судскиот процес беше закажан дури на 4 ноември бидејќи СЈО бараше изземање на судијката Петровска, кај која беше распределен предметот. Барањето беше одбиено, а одлуката ја потврди и Апелацискиот суд.

СЈО побара изземање бидејќи судијката Петровска беше спомената во една од „бомбите“.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико