Продолжува судењето за смртта на четиригодишниот Алмир
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По две одложени рочишта, денеска во Основниот суд во Куманово треба да продолжи судскиот процес против Бобан Илиќ кој е обвинет за убиството на четири годишниот Алмир Алиу.
На последното одржано судење во судница беше презентирано мислењето на вешти лица од клиниката за психијатрија во Скопје.
Според вештиот наод, обвинетиот Бобан не го извршил делото со умисла. На денешното закажано судење во судница треба да се сослуша уште едно вешто лице во врска со невропсихијатриското вештачење.
За адвокатите на семејството Алиу вештачењето е неприфатливо, бидејќи според нив, вештите лица не требало да анализираат дали имало умисла или не, кое нешто, како што велат е во состав на правниот дел, туку дали обвинетиот бил пресметлив или не кога смртно го прегазил детето.
На првото рочиште во делот за изјаснување на вина, обвинетиот Илиќ рече дека не чувствува вина за смртта на четиригодишниот Алмир, а неговиот брат рече дека биле жртви во пресметката. За овој настан е поднесено обвинение за насилство и против таткото на прегазеното момче и уште две лица.
Извор: Телевизија 24