Продолжува судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски | Правдико

Правдико

   

Продолжува судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во скопскиот Кривичен суд треба да продолжи судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски.

112715
На денешното рочиште предвидено е да сведочи обвинетиот за убиството, Насер Ештрефи. Тоа требаше да се случи уште во петокот, но судењето се одложи поради отсуството на неговиот адвокат.

На претходните рочишта и психијатарот и психологот, предложени од одбраната на обвинетиот, го потврдија психијатриското вештачење на обвинителството, според кое Ештрефи бил пресметлив кога го убил Ангел.

Убиството на матурантот Ангел Петковски се случи на 19 мај минатата година во скопската населба Ѓорче Петров.

Според обвинението, Ештрефи се обидел да украде велосипед од домот на Петковски, но откако бил забележан, побегнал. Тој подоцна бил пресретнат од Ангел и од неговиот татко, по што се случи убиството.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико