Продолжува судскиот процес „Дива населба“ | Правдико

Правдико

   

Продолжува судскиот процес „Дива населба“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Врховниот суд денеска продолжува судскиот процес за „Дива населба“ кое се однесува на престрелките меѓу вооружена група и безбедносните сили во мај 2015 година. Судскиот процес трае веќе една година.

Денешното рочиште, како и минатото, е отворено за јавноста. На последните неколку рочишта минативе три месеци беа сослушувани заштитени сведоци и беа изведувани докази обезбедни со посебни изтражни мерки поради што рочиштата беа затворени за јавноста.

Минатиот петок се читаше писмениот исказ на сведокот на обвинителството, Шабан Јашари, бидејќи тој не беше присутен во судница. Во неговиот исказ тој дава опис на сето она што го забележал деновите пред  да се случи настанот во кумановската населба, но и за она што се случувало во текот на самиот ден.

Во изјавата тој наведува дека на 5 и 6 мај најпрвин забележал униформирани лица во една од куќите чиј сопственик го познава, а исто така укажува и на тоа дека пиел кафе со Сами Укшими познат како командант Соколи за кој во изјавата тврди дека во 2001 бил близок со ДПА и Мандух Тачи.

Судењето почна од почеток во јуни минатата година откако судот ги спои предметите „Дива населба“ и „Молња“ во кои вкупно 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организ. Секое рочиште за „Дива населба“ се одвива под силно полициско обезбедување околу судскиот комплекс, како и на патиштата низ кои поминуваат осомничените при спроведување од затворите во кои се наоѓаат.

На 9 и на 10 мај, 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико