Продолжува судскиот процес „Поткуп“ против Заев
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судскиот процес „Поткуп“ против лидерот на СДСМ и на опозицијата Зоран Заев треба да продолжи во понеделник во Основниот суд Скопје 1.
Минатото рочиште Заев и одбраната побараа изземање на обвинителот Владимир Милошевски од овој случај, бидејќи, како што рекоа, СЈО има отворено предистражни дејствија за монтирање на случај „Поткуп“ против Заев.
Јавното обвинителство за организиран криминал го одби барањето за изземање на обвинителот Владимир Милошевски поднесено од обвинетиот Заев и неговата одбрана во случајот „Поткуп“, а СЈО потврди дека има отворено истрага за кривичната пријава од СДСМ против обвинителот за монтирање случај против лидерот на партијата, но негира дека води истрага за конкретниот обвинител.
Извор: Макфакс